Кумановци по натпревар истепале полицајци
29.04.2015 13:37
| KumanovoNews
Тројца кумановци синоќа по завршување на кошаркарски натпревар во Скопје истепале полицајци.

Во спортската сала „Градски парк“ околу 20.45 часот, по завршување на натпреварот помеѓу клубовите „Работнички“ и „Куманово“, Н.К.(23), Д.С.(19) и М.Д.(17) од Куманово, со тврди предмети нападнале двајца полицајци и им нанеле телесни повреди. Тие се приведени, извршен е разговор со нив и по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.