Кумановецот Милош Ранчиќ на Европски игри Баку 2015
15.06.2015 11:43
| KumanovoNews
Младиот Милош Ранчиќ од Куманово, атлетичар во атлетски клуб "Скок" е дел од екипата која до 28 месецов ќе се натпреварува на Европските игри Баку 2015, во Азарбејџан.

Ќе има јака конкуренција и изминатиов период се подготвував. Имав многу тренинзи за подигање на формата. Имам резултат на 5000 метри од 15 минути и 38 секунди кој сакам да го надминам - вели Ранчиќ.
Македонската атлетска федерација ќе има натпреварувачи во повеќе дисциплини.