Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот состав на ракометниот клуб Металург, денеска се засили со ракометарка од Куманово. Маја Ивановска, потпиша двегодишна соработка со тимот од Автокоманда.
Добро е чувството да бидеш дел од ЖРК Металург, кој е целосно подмладен и се состои од талентирани македонски ракометарки. Повеќето од сегашниот состав на Металург се кадетски, младински и сениорски репрезентативки на Македонија и добро се познаваме. Се надевам дека овој тим многу брзо ќе ги покаже своите вистински вредности - изјави Ивановска за сајтот на РК Металург.
Ивановска е поранешна ракометарка на Куманово и Жито Прилеп, а игра на позицијата лев и среден бек.
Со овој трансфер Металург продолжува со подмладување на тимовите и инвестирање во домашните играчи.