Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Kумановските ракометарки ги оправдаа очекувањата на публиката и го победија Чаир со 33:25.
На крајот од првото полувреме, нашите ракометарки беа во водство со 18:16, за во второто полувреме да постигнат и резултат од 30:21, со што беше извесна победата на домашниот терен.
Ова е прв пораз кој го забележа екипата на Чаир, во рамките на Женската суперлига.
„Нашата екипа останува непоразена и после петтото коло од Женската суперлига и е на делба на првото место. Подобрата одбрана на нашата екипа во второто полувреме го реши натпреварот уште во воведните минути и без некои посериозни проблеми стигна до оваа победа“- изјавија од клубот на ЖРК Куманово.
Постигнати голови: Леонида Гичевска - 6 гола, Ангела Јанкулоска - 5 гола, Александра Боризовска - 3 гола, Васка Глигоријадис - 6 гола, Бранкица Марковиќ - 4 гола, Медеа Чокели -3 гола, Трајковоќ Мила - 2 гола, Пецанова Наталија - 2 гола и Кипријановска Јована - 2 гола.
Во слдното коло, од Женската суперлига, ЖРК Куманово ќе игра против екипата на Ѓорче Петров.