Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нашите ракометарки, синоќа на домашен терен, повторно ја покажаа нивната добра игра и со убедлива победата ја совладаа екипата на Пелистер, со резултат 42:23.
На овој натпревар, ЖРК Куманово постојано беше во водство. Првото полувреме го заврши со резултат од 19:7, а особено беа успешни во нивните контранапади.
Веќе во второто полувреме, публиката имаше можност да ужива во играта во која беше извесно дека победникот е нашиот клуб.
Најмногу голови на натпреварот, од нашата екипа освоија: Гичевска 10, Шарановиќ 6 и Чокели и Глигоријадис со по 5 гола.
Следниот натпревар, кумановските ракометарки ќе го играат против екипата на Гевгелија на гостински терен.