Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го доживејаа еден од највисоките порази оваа сезона, од екипата на Кожув со резултат 104-86.
Тимот на Куманово беше рамноправен противник само во првото полувреме кога имаше само 5 поени негатива. Во продолжението од мечот, кумановчани постигнаа само 16 поени, а примија 30 поени од противникот. Во последниот период, Кожув не дозволи изненадување и забележа победа од 104-86.
Најефикасен поединец на натпреварот беше Вукашин Мандиќ со 27 поени. Во тимот на Кожув, Пековиќ постигна 17 поени.
Со ова Куманово ги губи шансите за продолжување на натпреварувањето во регионалното првенство. Тимот на Крајова има ист однос победи/порази, и ист број на бодови, меѓутоа и подобра кош разлика во меѓусебните дуели, што го сместува Куманово на седмата позиција. Додатна околност е тоа што Пеќ кој се наоѓа на осмата позиција има уште еден натпревар и со победа би можел да се пласира во ТОП 6 фазата.
Куманово веќе за 2 дена гостува повторно во Гевгелија, против тимот на Кожув во рамките на домашното првенство.