Куманово 2009 го пречекува Фени Индустри
05.11.2013 11:13
| KumanovoNews
Денска кошаркарите на Куманово 2009 од 17:30 во Спортската сала во Куманво ќе ја пречекаат екипата на Фени индустри.

После поразот од Работнички, тимот од Куманово ќе се обиде против Фени индустри да се врати на победничката низа а со тоа и да го врати пласманот на врвот од табелата.
Екипата на Фени Индустри го скрати буџетот, па оваа сезона во Куманово пристигнува можеби и најслабиот состав на Фени во изминатите неколку години. Тие денеска во Куманово ќе се обидат да ја издвојуваат и првата победа оваа година во домашното првенство.
Натпреварот ќе биде директно пренесуван на МТВ1.