Куманово 2009 го пречекува Работнички
14.02.2014 12:09
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот ја пречекуваат екипата на Работнички од Скопје.
Со овој натпревар започнува пролетниот дел од кошаркарското првенство на Македонија.
До крајот на Првата кошаркарска лига преостануваат уште 6 кола со овој натпревар, а првите пет пласирани екипи ќе се пласираат во Супер-лига.
Екипата на Куманово се наоѓа на четвртата позиција со седум победи и три порази, додека Работнички е трети со осум победи и еден пораз со натпревар помалце.
Натпреварот започнува во 19 часот во Спортката сала во Куманово.