Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово 2009 и КСК 2013 доживејаа порази на гостувањата кои ги имаа овој викенд.
Во рамките на 14.коло до Првата кошаркарска лига, Куманово 2009 загуби од екипата на Фени Индустри со резултат 70:67. Во исклучително тесен и незивестен натпревар, каде што најголемата разлика беше 5 поени, домаќинот беше поумешен во завршницата и издвојуваше победа. Со 21 поен, Харис во екипата на Фени, и Мандиќ во тимот на Куманово беа најефикасни поединци на натпреварот.
Нашиот второлигаш КСК 2013 го загуби натпреварот во Штип. Тимот на Гоце Делчев издвојуваше победа во овој дуел со резултат 93:73.