Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово 2009 забележаа нова победа во дуелот со Фени Индустри со резултат 77:60.
Гостите од Кавадарци беа рамноправен противник само во првата четвртина кога и заминаа со предност од 16:17. Во продолжението од мечот Куманово се покажа како подобар противник и веќе на полувреме замина со 14 поени разлика, кои ги чуваше до крајот на мечот. Денеска свое деби имаше и новото засилување Ројс Паран кој постигна 14 поени.
Најефикасен на мечот беше Вукашин Мандиќ со 25 постигнати поени. Кај гостите, Игор Бјелиќ постигна 20 поени и 6 скока.
Овој викенд кошаркарите на Куманово гостуваат во Битола каде што ќе се сретнат со екипата на Пелистер спорт.