Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово успешно ја започнаа втората фаза од наптреварувањето во БИБЛ лигата, одкако забележаа победа против тимот на Крајова.
Тимот на Куманово и овој натпревар играше без Урош Луковиќ, кој би требало да се врати на теренот веќе следниот натпревар. Екипата започна добро, постигнувајки шест поени предност во првата четвртина но следуваше одговор на Крајова и целосно резултатско враќање во натпреварот.
Куманово не успеваше да „побегне“ на поголема предност од 5 поени, а на почетокот од последниот период дури и беше во негатива. Слободните фрлања на Аврамовиќ и тројката на Мадиќ го решија прашањето на победникот, додека Санта ја намали предноста на само 2 поени разлика. Натпреварот заврши со резултат 81-79.
Александар Костовски постигна 19 поени и 11 асистенции, додека Ѓекиќ го заврши натпреварот со 16 поени.
Кај гостите Божовиќ постигна 20 поени.
Вчера се одигра и вториот натпревар од оваа група каде што Пеќ беше поуспешен од Морнар. Пеќ е лидер во групата со шест бода (3-0), додека Куманово, Крајова и Морнар имаат четири бода (1-2).
Следниот натпревар Куманово го игра повторно на домашен терен против екипата на Карпош Соколи во рамките од Прва лига.