Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на "Куманово 2013" на домашен терен го започнува натпреварувањето од втората футсал лига на Македонија.
Утре со почеток во 16.15 часот во ОУ "Христијан Тодоровски Карпош" фудбалерите на Куманово за противник ја имаат екипата на "Саса" од Македонска Каменица.
Работиме со исклучиво млад тим, млади надежни спортисти кои уште од стартот на првенството се мотивирани и спремни за победа-изјавија од клубот.
Ниеден противник не е за потценување, но ние сезоната ја започнуваме фуриозно и се надеваме на успешен старт во второлигашката конкуренција со надеж за влез во првата футсал лига и купот на Македонија-додадоа од клубот.
"Куманово 2013" заедно со професионалните тренери Грозде Спасовски и Драган Петровиќ утре гарантираат квалитетна и фер игра и прва победа на новоформираниот футсал клуб и ги повикуваат сите љубители на фудбалот да го проследат овој прв натпревар на младите спортисти на Куманово.