Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во салата Јане Сандански ќе мора да извојуваат победа против МЗТ Скопје доколку сакаат да ги продолжат финалните дуели помеѓу овие две екипи.
Куманово покажа дека доколку има своја вечер и ако работите тргнат како што треба, може да се носи со било кој противник, вклучувајки го и АБА лигашот МЗТ Скопје.
Кумановци загубија добиен натпревар, а доколку Тодоривиќ успеја да го врати моралот и победничкиот дух кај неговите кошаркари, тогаш сигурно треба да се очекува одговор на оваа „неправда“ која им беше нанесена на кумановчани во вториот натпрвар.
Доколку Куманово успее да триумфира во Скопје, тогаш следува нов дуел во Спортската сала каде што е отворена целата серија и воопшто не би било чудно да гледаме петти меч кој ќе го решава победникот.
Од друга страна, МЗТ Скопје виде дека „низ иглени уши“ победи во Куманово, така да сигурно ќе сака уште денеска да ја заврши работата на свој терен. Тимот покажа дека е искусен, подготвен и секоја пружена можност ја искористува максимално.
Натпреварот се игра во салата Јане Сандански со почеток во 19 часот.