Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово и дефинитивно не допатува во Скопје каде што требаше да се одигра натпреварот со Карпош Соколи.
Денешниот натпревар ќе биде регистриран со службен резултат за тимот на Соколи, по што ќе биде закажано ново коло од Суперлигата во сабота.
Според информациите, Арбитражната комисија не е надлежна да донесе одлука доколку натпреварот не е одигран. По службениот пораз, Куманово повторно ќе се жали и ќе очекува одлука која ќе биде во нивна корист. Од клубот изјавуваат дека веќе две години по ред правилата се толкуваат така да КК Куманово секогаш го добива подебелиот крај. Овој пат тие се решени да одат до крај, што само најавува дека сагата продолжува.
Куманово ќе дебитира во Суперлигата во сабота против тимот на Кожув.