Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во 19 часот ја пречекуваат екипата на Струмица.
Куманово доживеја пораз во првиот натпревар против Струмица, и тоа беше еден вид кулминација на кризата додека клубот го водеше Љубисав Луковиќ. Од тој момент, се одеше во погрешна насока, иако тој тим на Куманово беше апсолутен фаворит во тој натпревар и загуби по продолженија со резултат 101-93.
Ентони Ли Инграм го напушти клубот, а Марко Симоновски е новото засилување со кое Куманово повторно на полусезона прави тим за респект, кој ќе може да се бори за највисок пласман.
Струмица се наоѓа на шестата позиција на табелта со три победи и осум порази. Куманово доколку победи на денешниот натпревар ќе се позиционира на третата позиција и единствно ќе може да ја дели таа позиција со Фени индустри, доколку тие триумфираат против Карпош Соколи.
Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.