Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово 2009 денеска во Спортската сала ја пречекува младниската репрезентација на Македонија. Денеска се очекува деби на новото засилување на Куманово.
Поради непарниот број на екипи во Прва лига, кошаркарската федерација одлучи наместо слободното коло, екипата да игра натпревар на младите репрезентативци на Македонија. Исходот на овој натпревар е небитен, бидејки не носи поени.
Кумановчани денеска би можеле да го искористат натпреварот за деби на новиот играч на Куманово, Рој Паран кој е доведен како замена за Немања Врањеш кој има повреда. Според неофицијални информации, во Куманово се очекува ново засилување на центарската позиција.
Натпреварот денеска започнува во 18:30 а влезот е слободен.