Куманово доби нов футсал тим
20.09.2013 14:09
| KumanovoNews
Од оваа сезона во рамките на футсал лигата на Македонија, ќе се натпреварува новоформираниот клуб од нашиот град „Куманово 2013“.

Клубот ќе го предводи Грозде Спасовски и Драган Петровиќ, кој е и актуелен репрезентативец на Македонија во футсал.
Во програмата е предвидено и работа со младински категории од 7 до 15 години.
Тренинзите ќе се одржуваат во салата на ОУ Кочо Рацин во понеделник и четврток од 19 часот, и сабота од 10 часот, каде ќе може да се добијат детални информации за клубот.