Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На тимот на Куманово му беа потребни петнаесетина минути да го скрши отпорот на Карпош Соколи, и да забележи нова победа на домашен терен со резултат 96:80.
Гостувањата во Куманово во Суперлигашкиот дел од сезоната се покажаа како тешка задача за екипите од домашното првенство. Оние кои не носат квалитет како АБА лигашот МЗТ Скопје најчесто губат во првите дваесет минути. Ниту шампионот на Македонија не успеја да триумфира во Куманово, а од домашните натпревари единствено остана оној против екипата на Работнички, кој ќе се игра за десетина дена.
Куманово полека го остварува зацртаниот план - преку победа на сите домашни натпревари да оствари место меѓу најдобрите четири екипи. Денеска Соколи поминаа слично како Фени Индустри пред неколку дена. Отпорот беше скршен во втората четвритна, разликата беше двоцифрена до крајот на натпреварот и дури во еден момент изнесуваше 24 поени предност. Она што е добро, е фактот што кумановчани играат како да е почеток на сезоната, и фаќаат залет од натпревар во натпревар.
Саша Аврамовиќ со 21 поен беше најефикасен во Куманово. Душан Кнежевиќ за Соколи постигна 19 поени и 8 скока.
Со оваа победа Куманово е на третата позиција на табелата со 36 бода. МЗТ Скопје имаа 39 и е лидер на табелта, а Работнички два бода помалку. На четвртата позиција се Фени Индустри и Карпош Соколи со 34 бода, а Кожув е последен со 33 бода.
Следниот натпревар Куманово го игра во среда против тимот на Кожув.