Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тимот на Куманово успјеа да го декласира тимот од Гевгелија и да забележи победа со резултат 82-67.
Кожув беше рамноправен противник само во првата четвртина. Во вториот период, Кожув имаше и минимално водство на почетокот, меѓутоа Куманово со сигурна игра успеја да направи 22 поени предност пред паузата на полувреме.
Второто полувреме помина релативно мирно. Кожув немаше сила посериозно да се закани на кумановчани и да ја намали огромната разлика. Конечен резултат на натпреварот беше 82-67.
Аврамовиќ, Мандиќ и Луковиќ постигнаа 16 поени во победата на Куманово. Кај гостите Брчков и Нешовиќ постигнаа 13 поени.
Денеска се одиграни сите заостанати натпревари. Поради тоа, следното коло е закажано за овој вторник, каде што Куманово ќе гостува на тимот на Работнички. Од тој натпревар, следува пеколен ритам па екпите ќе играат на секои три дена до завршувањето на Суперлигата.