Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во Спортската сала го играат првиот натпревар на домашен терен против тимот на Ибар Рожаје.
Кумановскиот состав ќе ја бара првата победа во регионалното натпреварување одкако во минатото коло загуби од Левски со резултат 85-78. На домашен терен Куманово го проби ледот против Охрид, а на ред е Црногорскиот претставник во БИБЛ лигата кој исто така забележа пораз во првото коло од Бугарксиот Академик.
Во споредба со минатите натпревари, добро е што кумановчани играа комплетни против Охрид, па доколку пружат уверлива игра како на последниот натпревар, сигурно ќе можат да се надеваат на позитивен резултат.
Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.