Куманово го пречекува Бест
30.10.2015 17:48
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово ја пречекуваат послабата екипа од Гевгелија во Првата лига, екипата на Бест.

Бест минатата сезона како првопласиран во Втора лига влезе во најсилното кошаркарско натпреварување, а Гевгелија е единствениот град со два претставника во Прва лига. Сепак тимот на Бест е аутсајдер во овој натпревар и досега има забележано три порази во трите одиграни кола.
Куманово не би требало да има проблеми во овој натпревар, и веројатно ќе се врати на победничките патеки по поразите од Карпош Соколи и Турк Телеком.
Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.