Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дуелите помеѓу Куманово - Црн Дрим и Еуро Никел Пелистер ќе бидат единствените навремено одиграни натпревари од седмото коло во кошаркарското првенство.
Иако календаркси се игра седмото коло, Куманово досега има одиграно 3 натпревари во домашното првенство каде што има забележано 2 победи и 1 пораз. Досега поради присуство на Ковид-19, одложени се натпреварите против Гостивар, Еуро Никел 2005 и Работнички.
Последен натпревар кумановчани го играа пред 2 дена во рамките од БИБЛ лигата каде што загубија од Теодо со резултат 78-83.
Натпреварот помеѓу Куманово и Црн Дрим се игра во недела во 17 часот во салата на училиштето Перо Наков. Сите останати дуели се одложени поради корона случаи и неможноста да се тренира во комплетен состав.