Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала ја пречекуваат екипата на Кожув.
Како и Куманово, тимот на Кожув се соочува со слични проблеми и неможе да фати континуитет во настапите во домашното првенство и БИБЛ лигата односно ФИБА Еврокупот.
Кожув изврши промена на тренерската позиција, па Естратиос Кукулекидис ја има задачата да го врати тимот на победничките патеки.
После поразот од Турк Телеком, Куманово мора да се фокусира на следниот натпревар од домашното првенство и да прикаже добра партија на домашен терен.
Двата тима имаат скор од три победи и три порази, и се на делбата на петтата и шестата позиција на табелата.
Натпреварот започнува во 17 часот.