Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во 20:30 ја пречекуваат екипата на Турк Телеком.
Непоразената екипа во нашата група доаѓа на жешкиот терен во Куманово, каде што домаќинот ќе се обиде да направи изненадување и да ги заджи шансите за следната фаза.
Во првиот натпревар Куманово загуби со резултат 93-71. Иако имаше 18 поени негатива на полувреме, Куманово успеја да се врати во тој натпревар и во третата четвртина имаше нерешен резултат 58-58 но немаше сили да направи пресврт на гостински терен. По победата над Работнички, кумановчани сигурно се посамоуверени, играат на домашен терен што е голема предност меѓутоа не смееме да го заборавиме квалитетот на Турк Телеком кој досега немаше проблем со ниту една екипа од нашата група.
Во вчерашниот натпревар Роса Радом извојуваше победа против КТП со резултат 95-48.
Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 20:30 со пренос на МРТ.