Куманово гостува на Турк Телеком
28.10.2015 12:11
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска во 16:45 ќе дебитираат во новото Европско натпреварување, ФИБА Еврокуп. Противник е тимот од Анкара, Турк Телеком.

Куманово во лоша форма патува на мегдан на најсилниот состав во нашата група. Минатото коло кумановчани загубија од Карпош Соколи со 90-83, а повреден е и американецот Инграм кој не отпатува со тимот на Куманово.
Оваа натпреварување е далеку поквалитетно од БИБЛ лигата, и вистински показател каде се наоѓа Куманово на Европската кошаркарска сцена.
Натпреварот започнува во 16:45, а ќе можете да го проследите на Јутјуб.