Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Многу емоции ќе разбуди денешното гостување на Куманово во Гевелија. Само пред неколку дена, во истата сала, против истиот противник Куманово ги загуби сите шанси за место меѓу најдобрите шест екипи во регионалното натпреварување, и го доживеја вториот нависок пораз оваа сезона.
Овој пат, двата тима ќе се сретнат во рамките од последното коло од Првата кошаркарска лига.
Натпреварот нема никаков резултатски императив, па ќе видиме дали ќе има докажување помеѓу двата тима или ќе се даде шанса на сите кошаркари како проверка на нивните квалитети пред продолжението на сезоната. Куманово има мотив плус, доколку во денешниот натпревар тимот на Димитријевиќ ќе сака да се освети за тешкот пораз од пред неколку дена.
Куманово и дефинитивно ја завршува сезоната како четврто-пласиран на табелата без можност да напредува или назадува во однос со исходот на денешниот натпревар.
Нов тренер на Куманово е Љубисав Луковиќ кој тимот ќе го превземе по завршување на овој натпревар, односно негово „деби“ на клупата на Куманово 2009 ќе го очекуваме со првиот натпревар во Супер-лигашкиот дел од сезоната.
ёнатпреварот почнува во 17:30 со директен пренос на МРТ1.