×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово избори нерешен резултат пред реваншот во Софија

    01.04.2014 17:34 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово во последната секунда од мечот успејаа да изборат нерешен резултат пред реваншот во Софија. Натпреварот заврши со резултат 74:74.

    Куманово избори нерешен резултат пред реваншот во Софија

    Куманово имаше добро отворање на мечот и позитива од 8 поени. Во продолжението Левски се консолидираше и успеја да пројде во водство на полувремето.

    Како и во речиси сите натпревари досега, третиот период беше кобен за Куманово, каде домаќините прикажаа најлоша игра и губеја со 16 поени разлика.

    Кога Левски требаше да го зададе последниот удар, кумановчани дадоа знаци на живот, и наговестуваа пресврт на натпреварот. По неколкуте избрзани и недисциплинирани напади гледачите на трибините не веруваа во пресвртот на Куманово и ги напуштија трибините. Сепак, во последната минута од натпреварот Ројс Паран погоди неверојатна тројка, и имаше дополнително слободно фрлање со што Куманово имаше 2 поена негатива. Следниот напад беше фаулиран Чалмерс, но по двете промашни слободни фрлања, Мандиќ се обиде да поентира од половина терен.

    Одпадокот стигна во рацете на Луковиќ кој брзо реагираше и навремено ја смести топката во кошот.

    Мандиќ со 23 поени беше најефикасен на мечот, а кај гостите Захариев постигна 14 поени.

    Ако се земе впредвид големата разлика која беше надохнадена, Куманово има реални шанси за пласман помеѓу четирите најдобри. По нерешениот резултат, кошаркарите имаат реванш во Софија каде ќе мора да ја подигнат играта на повисоко ниво доколку сметаат на победа во тој дуел.