Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа убедлив триумф против тимот на Фени Индустри со резултат 85-76.
Домаќинот имаше лесна задача на денешниот натпревар против тимот од Кавадарци и релативно лесно успеја да запише нови два бода во домашното првенство.
Куманово лесно поведе и имаше одлична игра, додека Фени иако не делуваше компактно на теренот, имаше резултатски приклучок на натпреварот. Разликата се движеше во просек околу десетина поени, но во ниеден случај кумановчани не му дозволија на Фени да дојде под пет поени негатива.
Најбитно за Куманово во овој натревар е тоа што тренерот Тодоровиќ имаше еднаква минутажа на сите кошаркари, никој од нив не изигра повеќе од 23 минути и ќе бидат доволно свежи за следниот натпревар кој се игра во недела.
Луковиќ и Костовски со 17 поени го предводеа Куманово, додека Вуд со 21 поен и Кемп со 20 поени беа единствените расположени кошаркари кај Фени.
Со оваа победа Куманово е осамен на третата позција со 34 бода. Следното коло се игра веќе во недела, каде што Куманово го пречекува големиот ривал, Карпош Соколи.
Големо внимание привлече присуството на поранешниот тренер на Куманово, Љубисав Луковиќ, кој го проследи натпреварот против Фени на северната трибина.
Тој на паузата од полувреме се поздрави со раководството на КК Куманово и речиси со сите поранешни соработници додека беше тренер во Куманово. Дали неговата посета е со цел да го подржи својот син Урош, кој игра за Куманово или нешто друго, останува да видиме во наредниот период.