Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тимот на Куманово денеска во 18 часот му гостува на Кожув во рамките на 7.коло од Суперлигата.
Во првиот натпревар кумановчани имаа одличен натпревар во Спортската сала и извојуваа победа со резултат 82-67. Кожув е последен на Суперлигашката табела со три бода помалку од Куманово. Се чини дека тимот од Гевгелија по испаѓањето од БИБЛ лигата целосно падна, но победите против Фени и Соколи ги вратија во живот и имаат реални шанси за пласман до четвртата позиција.
Во рамките од Суперлигата, Куманово одигра само два натпревари на гостински терен и во двата забележаа пораз. Поради инцидентот со судиите во натпреварот Кожув - Работнички, денешниот натпревар ќе се игра пред празна сала. Судии на мечот се браќата кои беа нападнати од целиот тим на Кожув, Игор Митровски и Зоран Митровски, а трет судија на мечот ќе биде Антонио Теофиловски.
Се чини дека ова е одличен момент за Куманово, добрите игри на домашниот терен да ги пренесат на денешниот натпревар, со што би се зацврстиле на третата позиција на табелата.