Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во вторник во 19 часот гостуваат на тимот на Работнички Скопје.
Овој натпревар ќе биде обид на кумановчани да ја сочуваат третата позиција, одкако целосно го декласираа тимот на Кожув. Тој релативно лесен натпревар е голем плус пред мечот со најтрофејниот македонски клуб, имајки го во предвид густиот распоред кој следува.
Од друга страна, Работнички по продолженија славеше против Карпош Соколи, во натпревар во кој се враќаа од 15 поени негатива.
Натпреварот се игра утре во Градски Парк со почеток во 19 часот, со директен пренос на МРТ.