Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово по поразот во Полска, му гостуваат на тимот на Работнички.
Кумановчани имаат проблем со гостувањата оваа сеозна, и сешуте немаат запишано победа на гостински терен. Иако Работнички се соочуваше со проблеми пред почетокот на сезоната сепак успејаа да создадат репсектабилна екипа која може да се замеша во борбата за Плеј-оф. Водени од Марин Докузовски, од странските кошаркари тука е само Петар Николиќ, од минатата сезона останаа Јане Петровски, Димитар Мираковски и Ивица Димчевски а со доаѓањето на Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски и Бојан Крстевски Работнички формира добар тим за домашното првенство.
За овој натпревар сеуште неизвесен е настапот на Мандиќ кој во натпреварот против Струмица има добиено 2 технички грешки, а поради плукање на противнички кошаркар можно е да добие и суспензија.
Натпреварот се игра во недела со почеток во 17 часот во салта Градски Парк во Скопје.