Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово издвојуваа победа против екипата на Лирија, со што направија голем чекор за пласман во Плеј-оф натпреварувањето.
Тимот на Куманово губеше минимално во првата четвртина, по што создаде предност која ја чуваше до крајот на мечот. Седум кошаркари на Куманово беа расположени за игра, па предноста стана и двоцифрена во последниот период од мечот. Како по обичај, натпреварот влезе во неизвесна завршница, меѓутоа Куманово успеја да издвојува победа во многу битен натпревар, со што сега се искачија на третата позиција со три победи и три пораза.
Најефикасен поединец беше Луковиќ со 19 поени и 13 скока, Врањеш постигна 13 поени, Мандиќ додаде 12 поени а Станимировиќ постигна 10 поени.
Во противничкиот табор Диме Тасовски постигна 20 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против шампионот МЗТ Скопје во петок на гостински терен.