Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа против тимот на Кожув со 83 -74 со што направија голем исчекор кон конечниот пласман на третата или четвртата позција која води во Плеј-оф доигрувањето.
Вукашин Мандиќ беше човекот кој во првото полувреме го држеше Куманово во игра и не дозволуваше на гостите од Гевгелија да пројдат во водство. Двоцифрената предност на натпреварот Куманово ја забележа за првпат кон крајот на третиот период и ја чуваше речиси до крајот на натпреварот.
Мандиќ постигна 28 поени за големата победа на Куманово, а Врањеш придодаде 18 поена, Јаневски 13 и Мишковиќ 11.
Во тимот на Кожув, Пековиќ постигна 19 поени.
Следниот натпревар е последен од Супер-лигата, и Куманово гостува на тимот на Струмица.