×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово немаше сили за пресврт во Анкара

    28.10.2015 17:43 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово загубија на премиерниот настап ФИБА Еврокупот, каде што загубија од тимот на Турк Телеком со резултат 93-71.

    Куманово немаше сили за пресврт во Анкара

    Кумановчани освен почетното водство со тројката на Мандиќ, имаа негатива во текот на целиот натпревар. После првата смена на резултатот, турскот состав ја зголемува предноста која во еден момент изнесуваше и 18 поени разлика. Фасцинантни беа процентите кои Турк Телеком ги имаше во првото полувреме, а тоа се 83,3% за 2 поени и 44,4% успешност од линијата за три поени. На тоа ако се придодадат уште 13 асистенции, тогаш можеме слободно да констатираме дека разликата од 11 поени со која заминаа на полувреме и не е голема. Резултатот на полувреме беше 47:36.

    Третата четвртина е најсветлиот момент во тимот на Куманово. Полека но сигурно успејаа да ја топат разликата, а на скоро две минути пред крајот на натпреварот имаа и нерешен резултат од 58:58. Турците веднаш вратија со три поени, и мини серија со што во последниот периот, Куманово влезе со резултат 66:60.

    Во последната четвртина со серијата од 9-0, турците најавија дебакл на Куманово, кое првите поени ги постигна по 4 минути игра. Турк Телеком не дозволи изненадување на домашен терен во првото коло, ги постави максималните 26 поени разлика и триумфираше убедливо со резултат 93-71.

    Најефикасен кај домаќинот беше Борис Савовиќ со 22 поени и 5 скока. За Куманово Александар Костовски постигна 17 поени .

    Следниот натпревар Куманово го игра на домашен терен против тимот на Бест.