Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето од актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, со резултат 81-74.
Тимот на Куманово имаше сили за едно полувреме во кое водеше во неколку наврати. Кумановчани имаа шест поени предност во средината на вториот период, меѓутоа МЗТ успеја да поведе до крајот на првото полувреме со еден поен предност.
Аба-лигашот не препушти ништо на случајот, во продолжението за 5 минути успеја да направи 10 поени разлика. Куманово се обиде да се врати во натпреварот, стигна на 5 поени негатива, меѓутоа МЗТ реагираше експресно и ја врати предноста на 10 поени. Конечен резултат на мечот беше 81-74.
Сеад Шеховиќ беше најзалужен за победата на МЗТ со 26 поени, а Чапин и Младеновски постигнаа 13 поени.
Во тимот на Куманово, Луковиќ постигна 18 поени и 4 скока.
Со овој натпревар завршуваат настапите на Куманово во Првата кошаркарска лига. Куманово ќе треба да ги дочека и останатите резултати за да се види од која позиција ќе го започне настапот во Супер-лигата.
Следниот натпревар Куманово го игра во рамките на БИБЛ лигата против тимот на Рилски Спортист.