×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово поуспешен во дербито против Работнички

    15.03.2015 01:03 | KumanovoNews

    Екипата на Куманово успеја да забележи битна победа против тимот на Работнички на домашен терен, одкако во трилер завршница извојуваа победа со резултат 94-88.

    Куманово поуспешен во дербито против Работнички

    Во преполната Спортска сала, носени од одличната атмосфера, кумановчани започнаа фуриозно со поголема желба да победат во овој натпревар. Тензијата во салата ја зголеми и техничката грешка на тренерот на Работнички Марјан Илиевски, кој реагираше барајки фаул над Тодор Гечевски. Неспортската реакција, и обидот за физичка пресметка со еден од судиите ја зовре атмосферата во салата, а Куманово направи дополнителна разлика при што резултатот во првата четвртина беше 28-17.

    Димитар Мираковски беше човекот кој донесе освежување во играта на Работнички и успеја да ја одржи разликата на достижни 12 поени разлика на полувреме.

    Урош Луковиќ беше нерешлива енигма за тимот од Градски парк. Тој имаше 6 од 12 офанзивни скока за Куманово, правеше вистински проблем на центрите на тимот од Скопје кои никако неможеа да ја состават играта на терен.

    Куманово достигна максимални 24 поени разлика пред крајот на третиот период, а тука настапува и Димитар Мираковски кој со две врзани тројки го враќа Работнички на достижни 14 поени разлика.

    Веќе во првиот напад на Работнички, Мираковски ја постигнува нова тројка за Работнички. Куманово ја одржува предноста преку Луковиќ, Караџовски и Јанески, додека Мираковски и Павковиќ се прецизни во нови два обиди за три поени, по што Куманово води со 15 поени разлика, при резултат 78-63 на 5 минути пред крајот на мечот.

    Иако за кумановчани натпреварот беше готов, од овој момент, до 30 секунди пред крајот на натпреварот, Димитар Мираковски постигнува три тројки во серија, Јане Петровски постгинува 2 тројки по ред, а Мираковски на триесетина секунди пред крајот на натпреварот ја постигнува својата осма тројка за резултат 88-86.

    Мандиќ беше прецизен од линијата за слободни фрлања, а Павковиќ ја загуби топката во следниот напад во обид да изнајдат соодветно решение за три поени. Следуваше фаул над Костовски кој со двете слободни фрлања го постави конечниот резултат од 94-88.

    Луковиќ со 27 поени и 12 скока беше најзаслужен за победата на Куманово во овој меч. Мандиќ постигна 22, а Костоски, Караџовски и Јанески постигнаа 13 поени.

    Трагичар на мечот беше Мираковски со 33 постигнати поени, Чековски постигна 12 поени и Павковиќ го заврши натпреварот со 11 поени.

    Во овој натпревар одлична работа заврши и одбраната на Куманово, која целосоно ги исфрли Соколов, Гечевски и Димчевски од овој натпревар.

    Куманово со 25 бода е на четвртата позиција на табелата, а ист број на бодови имаат првопласираниот МЗТ Скопје кој има натпревар помалку, втор е Работнички и трет е Фени Индустри.

    Следното коло е последно од Првата кошаркарска лига, а Куманово гостува на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

    Веќе се познати учесниците во Супер-лигата, на првите четири екипи на табелата се приклучуваат Карпош Соколи и Кожув.