Куманово поуспешно од Пеќ
13.11.2013 14:34
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово ја забележа втората победа во БИБЛ лигата одкако вчера во Спортската сала беа поуспешни од екипта на Пеќ со резултат 93:85.
Кумановчани го скршија отпорот на Пеќ дури во второто полувреме. Во првите две четвртини натпреварот беше неизвесен, а во продолжението следуваше фуриозен старт на домашниот тим. Составот на Пеќ не се предаде и имаше неколку можности да се врати во игра но Куманово го приведе натпреварот во своја полза.
Со 24 поени најефикасен беше Мишковиќ, а Мандиќ постигна 20 поени.