Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во салата 26.април во Гевгелија мораат да остварат победа против екипата на Кожув, како би имале шанси за продолжување на настапот во БИБЛ лигата.
Кожув има 9 последователни порази во БИБЛ натпреварувањето и е единствената екипа која нема никакви шанси да пројде во следното коло. Во домашното првенство, минатото коло загубија од тимот на Работнички.
Покрај Куманово 2009, идентичен скор на табелата имаат и екипите на Крајова, Балкан и Пеќ, кои ќе се борат за завземање на петтата и шесттата позиција.
Куманово мора да забележи победа во последниот натпревар од БИБЛ лигата, како би ги зголемил шансите за пласман во разигрувањето за Фајнл-фор турнирот.
Екипата на Крајова како и Куманово, утре го игра последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната. За разлика од нив, тимот на Балкан има да одигра уште три натпревари(Теодо, Левски, Пеќ), а тимот на Пеќ уште два(Галил Гилбоа, Балкан), па по одигрувањето на сите натпревари појасна би била сликата околу тимовите кои ќе го продолжат регионалното натпреварување.
Галил, Сигал и Левски се борат за пласман на првите две места, кои водат директно на Фајнл-фор турнирот. Во следните натпревари тие се среќаваат против екпите на Балкан, Крајова односно Пеќ, што ги зголемува шансите на Куманово за пласман понатаму.