×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово прокоцка 18 поени предност против Соколи

    24.04.2015 11:13 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово имаа можност да го совладаат Карпош Соколи на гостински терен, но не ја искористија шансата, и во продолжение загубија со резултат 98-95.

    Куманово прокоцка 18 поени предност против Соколи

    Првото полувреме го одбележа Мандиќ кој постигна 18 поени за Куманово. Сепак неговата одлична игра не резултираше со голема разлика, бидејки Соколи во првото полувреме имаа 11 офанзивни скока, со кои ја држеа разликата на 4 поени предност.

    Куманово ја загуби предноста на почетокот на третиот период, но со одлична игра успејаа да направат максимални 18 поени разлика. Соколи до крајот на периодот намалија на 12 поени негатива.

    Оваа сезона Куманово покажа дека не знае да го приведе мечот кон мирна завршница. Една од причините се преголемиот број на шутеви за три поени во последниот период, во кој играчите како да сакаат да бидат херои на натпреварот, и заслугата да биде само нивна. Во последниот период Куманово шутна 7 „тројки“ од кои погоди само две. Соколи полека но сигурно се враќаа во натпреварот, а забивањето на Луковиќ во последниот напад го одведе натпреварот во продолженија.

    „Стратегијата“ кој ќе погоди повеќе продолжува и во додатните пет минути. Куманово за пет минути успеја шест пати да шутира зад линијата 6,75 а само еднаш беше прецизен.

    Карпош Соколи стигнаа до 8 поени предност, а Куманово истите и ги намали на три поени негатива со што беше поставен конечниот резултат на натпреварот 98-95.

    Александар Костовски постигна 29 поени и 7 асистенции и беше најефикасниот играч на мечот. Кај Соколи Кнежевиќ постигна 20 поени, и Рајс го заврши натпреварот со 19 поени.