Куманово-Работнички во полуфиналето од Купот на Македонија
04.02.2015 12:38
| KumanovoNews
Тимот на Куманово 2009 денеска на ждребката го доби својот противник. Во полуфиналниот дуел, ти е ќе играат против тимот на Работнички Скопје.

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ беше одржана ждребката во која се познати полуфиналните двојки од Купот на Македонија.
Екипата на Куманово за противник го доби најтрофејниот тим во Македонија, тимот на Работнички.
Во другиот полуфинален натпревар, домаќинот МЗТ Скопје ќе го пречека тимот на Кожув.
Натпреварите се играат на 21.февруари.