×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово сепак не игра против Кожув

    11.04.2015 16:30 | KumanovoNews

    Кошаркарскиот клуб Куманово ја смени одлуката и реши да не го одигра натпреварот против Кожув.

    Куманово сепак не игра против Кожув

    Тие во соопшение истакнаа дека сеуште нема одлука од Арбитражната комисија при МКФ по поднесената жалба против одлуката на Комисијата за натпреварување при МКФ за регистрирање на натпреварот КК Карпош Соколи-КК Куманово 2009 Куманово. Според Куманово, првото коло сеуште не е комплетирано и нема услови за одигрување на второто коло.

    Соопштението го пренесуваме во целост

        Управниот одбор на КК Куманово 2009 АД Куманово на својата седница одржана на 11.04.2015 година донесе Одлука дека со оглед на новонастанатата ситуација во текот на вчерашниот ден, КК Куманово 2009 НЕМА ДА ГО ОДИГРА денешниот натпревар против екипата на КК Кожуф Гевгелија бидејки нема добиено одговор од Арбитражната комисија при МКФ по поднесената жалба против одлуката на Комисијата за натпреварување при МКФ за регистрирање на натпреварот КК Карпош Соколи-КК Куманово 2009 Куманово. Со оглед на ова, сметаме дека Првото коло од Македонската кошаркарска Супер-Лига НЕ Е ЗАВРШЕНО и нема услови за одржување на натпреварите од 2-ТО Коло од Супер-Лигата со што е нарушена регуларноста на натпреварувањето.
        Како што и вчера ја информиравме јавноста, КК Куманово 2009 Куманово од Комисијата за натпреварување при МКФ побара да се одложи 2-ТО Коло од Супер-Лигата од погоренаведените причини, но до одржувањето на седницата на УО на КК Куманово 2009 Куманово немаме добиено никаков одговор од Комисијата.
        Во ова прилика уште еднаш јавно ја повикуваме Комисијата за натпреварување ИТНО да го одложи ова коло се до правосилно завршување на целата правна постапка.

    Со Почит,
    КК Куманово 2009 АД Куманово