Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со победата на Балкан над екипата на Пеќ, Куманово ја завзема шестата позиција која го носи во разигрувањето во БИБЛ лигата кое ќе ги даде двата патника во Фајнл-фор натпреварувањето.
Денешниот натпревар помеѓу Сигал Приштина и Левски ќе го даде директниот патник на Фајнл-фор турнирот, а поразениот од тој дуел преку Куманово ќе се обиде да обезбеди учество меѓу најдобрите четири екипи.
Во овие натпревари Куманово ќе биде под водство на тренерот Љубосав Луковиќ.