Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово по продолженија успејаа да триумфираат против тимот на Работнички со резултат 108-98.
Иако натпреварот немаше резултатски императив, двете екипи добро се проверија пред најбитните дуели помеѓу овие два тима оваа сеозна.
Најефикасни поединци на натпреварот беа Ѓекиќ со 21 поен, а Костовски и Луковиќ постигнаа 19 поени. За Работнички, Гечевски постигна 26 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра во петок во Градски парк, против тимот на Работнички.
Тоа ќе биде прв натпревар за Куманово во Плеј-оф во новата историја на клубот.