×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово вечерва го пречекува финскиот КТП Баскет

    04.11.2015 11:55 | KumanovoNews

    Екипата на Куманово вечерва во 20:30 во Спортската сала во Куманово го игра вториот натревар од ФИБА Еврокупот против тимот на КТП Баскет.

    Куманово вечерва го пречекува финскиот КТП Баскет

    Во првиот натпревар од оваа натпреварување, Куманово забележа пораз од тимот на Тукр Телеком, а во овој натпревар ќе се обиде да ја искористи предноста на домашен терен и да ја забележи првата победа во новото Европско натпреварување.

    Очекувам утре да го покажеме вистинското лице, да придонесеме за добра атмосфера, и секој играч да даде максимум да се победи екипата КТП. Очекувам исто така салата да биде исполнета до последно место - изјави тренерот на екипата Лубисав Луковиќ.

    Тој додаде дека финскиот тим е квалитетен состав, покриен на сите позиции и имаат неколку играчи од САД. Својата шанса во овој дуел ќе ја бараат во подобрената одбрана и добрата транзиција. Луковиќ ги замоли навивачите да дадат подршка на тимот, но нагласи дека казните се неверојатно големи, и секое фрлање на предмет следуваат ригорозни казни.

    Една запалка која ќе падне на терен или метален предмет може да биде казна од 200 до 300.000 денари, за нас неверојатно голема сума, ја молам публиката да не бодри, ако играме и се бориме да ни даде поддршка, ако играме лошо нека не наградат со свирење. Што се однесува за теренот и гостинската екипа не смееме да и упатиме ниту еден погрден збор, ниту еден гостински играч не смее да биде загрозен по ниту кој било основ, бидејќи казните се неверојатно големи - заклучи Луковиќ.