Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во недела го започнуваат домашното првенство, а противник ќе биде дебитантот Чаир 2030.
Минатата сезона беше сезона за заборав за кошаркарскиот состав. Втор пат во новата историја тимот играше плеј-аут, прв тренер беше Игор Ѓорѓиевски кој потоа беше сменет со Владимир Мирковски. Оваа сезона двајцата заедно ќе го водат тимот со тоа што Мирковски е на позицијата прв тренер а Ѓорѓиевски ќе е помошник.
Марјан Јаневски е најголемото домашно засилување, и по неколку сезони пауза поранешниот репрезентативец се враќа во Куманово каде што во својата кариера ги пружаше најдобрите парити. Од домашните играчи, тука се Ненад Зивчевиќ, Даниел Нацевски, а од кумановските кошаркари во составот регистрирани се Ѓорѓи Георгиевски, Лука Димитриевски, Милош Јовановиќ, Јован Стошиќ и Богдан Стошиќ.
Странскиот колектив оваа сезона ќе го сочинуваат Душан Јузбашиќ кои играа и минатата сезона за Куманово. Првиот кинески кошаркар во нашето првенство Кикаи Сун, американецот Метју Кели, босанско-херцеговачкиот младински репрезентативец Амар Мехиќ и словенецот Јан Ризман го комплетираат странскиот колектив кој ќе започне оваа сезона во КК Куманово.
Првиот натпревар се игра во недела, во термин кој е посвојствен за шпанската „Ендеса“ кошаркарка лига отколку за прволигашката кошарка. Натпреварот започнува во 14:00 во салата на економското училиште, а противник ќе биде тимот на Чаир 2030.
„Спремни“ - стои на заедничкото селфи на кошаркарите на официјалниот профил на КК Куманово.