Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа во рамките на 4.коло против екипата на Бест со резултат 88-74.
Вториот тим на Гевгелија скапо ја продаде кожата во Спортската сала. Иако беа физички инфериорни, што се забележа уште на стартот на мечот, во ниеден момент не се одкажаа од можноста да ја забележат првата победа во сезоната. Дури три кошаркара на Куманово од стартната петорка беа повисоки од стартниот центар на Бест, меѓутоа за поздрав е тоа што екипата на Бест има само 2 странски играчи во својот состав. Еден од нив, американецот Тајрон Харис ги одигра сите 40 минути на теренот и не дозволуваше во ниеден момент домаќинот да направи посериозна разлика.
Куманово влезе во мечот доста сигурно, свесни за разликата во квалитет и коректно го одработија овој меч. Бест не го изнамачи Куманово, но му даде до знаење дека ќе мора да игра со најквалитетните кошаркари ако сака да триумфира во мечот. Доколку идејата на стручниот штаб беше да се одморат играчите пред дуелот со финскиот КТП во среда, тогаш неможеме да кажеме дека успешно ја завршиле работата бидејки Мандиќ одигра скоро 37 минути, Урош Петровиќ одигра 33 минути а Костовски помина 29 минути на паркетот.
Разликата од 12 поени Бест ја намали на 3 поени пред полувремето, а изедначи во средината на третата четвртина. Куманово брзо реагираше и ја врати двоцифрената разлика, а потоа го приведе мечот кон неговата завршница.
Урош Луковиќ постигна 21 поен и 14 скока, а Костовски придодаде 19 поени. Кај Бест Тајрон Харис постигна 30 поени, 8 скока и 4 асистенции.
Следниот натпревар Куманово го игра во рамките на Еврокупот против финскиот состав КТП.