Мени

Куманово загуби на дебито на Балканската лига

16.10.2013 17:28 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово доживејаа пораз на стартот на БИБЛ Лигата од екипата на Сигал од Приштина со резултат 78:89.

Куманово загуби на дебито на Балканската лига

Куманово одлично го отвори натпреварот и имаше водство до средината на третиот период. Иако таа предност беше на околу 5 поени разлика, кумановчани имаа голем пад во играта по кошаркарите на Приштина беа поумешни и успејаа да ја забележат првата победа во Балканското натпреварување.

Најефикасни поединци на натпреварот беа Врањеш со 28 поени и Мишковиќ со 22 постигнати поени, додека кај противникот Џонс постигна 22 поени.

Следниот натпревар Куманово повторно го игра на домашен терен во вторник, против екипата на Крајова од Романија.