Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето кај Работнички со резултат 91-84.
Кумановчани имаа одлично прво полувреме во кое имаа и двоцифрена предност. Домаќинот се мачеше да го најде вистинскиот ритам а Куманово знаеше како да го искористи тоа.
Работите се сменија во по паузата од полувреме, кога Работнички од -7 отиде на 5 поени предност.
Главниот проблем на Куманово е играта во последната четвртина. Таа главно се сведува на шут за 3 поени, па на вчерашниот натпревар дури и Урош Луковиќ се обиде да погоди за 3 поени. Од седумте обиди за три поени на Куманово, само Мандиќ и Ѓекиќ беа прецизни, од шеснаесетте одиграни напади во последната четвртина.
Дарко Соколов постигна 21 поен за победата на Работнички. За Куманово, Луковиќ постигна 17 поени и 12 скока.
Куманово останува на делба на третата позиција со 32 бода, а исто толку имаат и Фени Индустри и Карпош Соколи. Во прилог на Куманово му одат останатите натпревари каде што Кожув го совлада Фени Индустри со резултат 74-79, а МЗТ Скопје беше подобар од Карпош Соколи со резултат 91-84.
Следниот натпревар Куманово го игра во петок во 20 часот против тимот на Фени Индустри.