Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето во Гевгелија од тимот на Блокотехна со резултат 81-69.
Конечниот резултат не е вистинска слика за текот на натпреварот, па неможеме да кажеме дека Куманово е декласиран на овој натпревар. Блокотехна првата двоцифрена предност ја стекна во првата четвртина но до крајот на периодот па дури и успеа да поведе. Вториот период гевгеличани прават нова предност од 8 поени разлика која Куманово ја топи пред крајот на полувреме. Во третиот период Куманово води со четири поени предност но Блокотехна се враќа во натпреварот и во четвриот период го крши отпорот на Куманово па поставува максимални 12 поени разлика.
Данило Мијатовиќ со 18 поени е најефикасен поединец на мечот, а за Куманово Мирко Ковач и Бане Ѓекиќ постигнаа по 17 поени.
Последниот натпревар од оваа календарска година Куманово го игра овој викенд на домашен терен против тимот на Шкупи.