Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија од тимот на Хапоел Холон со резултат 74-83 во вториот натпревар од втората фаза во БИБЛ лигата.
Речиси целиот натпрвар кумановчани имаа активен резултат но никако не успејаа да ја смалат негативата од четири поени, а гостите во последните пет минути успејаа да се одлепат и да направат девет поени предност.
Горјан Марковски и Отис Ливингстон постигнаа по 15 поени и беа најефикасни во домашниот тим. Кај гостите Максим де Зеув беше најдобар играч на теренот постигнувајки 22 поени.
Во рамките на БИБЛ лигата следниот натпревар е закажан за шест дена против бугарски Академик Пловдив на гостински терен.
Фото: balkanleague.net